Жан Тод: Шумахер е жив благодарение на Корина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот соработник на Михаел Шумахер, а сега претседател на ФИА, Жан Тод зборуваше за Михаел Шумахер.

Состојбата на Шумахер по падот на скијањето во 2013 година е голема тајна. Никој не знае како е седумкратниот светски шампион во Формула 1.

Понекогаш се појавуваат некои нови детали, но семејството главните работи ги држи далеку од очите на јавноста, а можеби така е и најдобро.

Изјавата на Тод е една од ретките во која се зборува токму за ситуацијата за Шумахер.

„Корина не очекуваше вакво нешто, но се случи и немаше избор. Благодарение на неа, која секогаш сакаше да преживее Михаел и благодарение на докторите, тој сега е жив. Ги прифати последиците и во моментов се бори со нив. Се надеваме дека ситуацијата ќе се поправи. Таа е голема жена и сега го води семејството“, вели Тод.