Ждрепка за ЛШ: Челси против Реал Мадрид, Манчестер сити „налета“ на Атлетико

Актуелниот европски шампион Челси во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ) ќе игра против Реал Мадрид.

Ждрепката во Нион беше интересна затоа што ни донесе дуел и меѓу Манчестер сити и Атлетико Мадрид, додека останатите два пара од четвртфиналето се составени од Виљареал и Баерн Минхен, односно Бенфика и Ливерпул.

Првите четвртфинални дуели се играат на 5 и 6 април, додека реваншите се закажани за 12 и 13 април.

Денеска беа извлечени и паровите од полуфиналето, па така победникот од мечот меѓу Челси и Реал Мадрид ќе игра во полуфинале против Манчестер сити или Атлетико Мадрид.

Додека подобриот од мечот меѓу Бенфика и Ливерпул ќе игра за финале против победникот од мечот меѓу Виљареал и Баерн.