Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол привлече големо внимание со неговите настапи за репрезентацијата на Мундијалот во Катар, но и за Лајпциг во Бундеслигата.
Гвардиол кажа дека сака да игра за Ливерпул, иако за неговите услуги поголем интерес покажа лондонскиот гигант Челси.
Газдата на Челси, Тод Боели веќе вложи над 600 милиони евра за засилувања по неговото доаѓање во клубот, а не планира тука да застане и ова лето ќе се бори за Хрватот.
„Сините“ планираат да го договорат Гвардиол за ова лето затоа што од 2024 година откупната клаузула ќе му биде 107 милиони евра.
Според англиските медиуми, Челси сака да плати околу 90 милиони евра за Хрватот, па така да го урне рекордот на Хари Мегваер за најскап дефанзивец на Островот.