Жешка трка по Прва лига: Вардар славеше, но триумфираа и Воска и Гостивар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар славеше со 2-0 против Детонит Плачковица во Втората лига, а денеска триумфираа и Гостивар против Беса со 1-0, но и Воска против Каменица Саса со 4-0.

Вардар има сериозни проблеми со финансии, поради што фудбалерите штрајкуваа завчера, по што вчера добија ветувања дека ќе добијат дел од платите, па се вратија на тренинг и веднаш ги израдуваа навивачите.

Головите за победа на „црвено-црните“ ги постигнаа Христијан Вецески и Цветаноски, па сега Вардар има 43 бодови, колку што имаат и Гостивар и Воска на делба на првата позиција во Втората лига.