Жесток удар за Модриќ – ќе му ја одземат „десетката“ во Реал Мадрид


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Претседателот на Реал Флорентино Перез наводно го понудил легендарниот број на играчот кој кралевите го следат подолго време и се стремат да го купат, што би значело дека го прецртал Лука Модриќ…

Модриќ е тековниот сопственик на „десетката“, но е прашање дали Хрватот ќе го продолжи договорот кој истекува на лето. Додека сè уште не може со сигурност да се каже каква е состојбата по тој прашање, одредени медиуми во Шпанија тврдат дека Перез одлучил неговиот број да го даде на друг играч. 

Наводно е веќе организиран состанок во Мадрид, а Перез му порачал на Зубименди дека ќе го добие бројот 10 ако дојде во Реал Мадрид.

Кралевите би морале финансиски да се потрудат за да го потпишат, имајќи предвид дека неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра, а Реал Сосиедад таа сума нема да ја намали ни за цент. 

Фото: Реал Мадрид/ФБ