Жестока караница меѓу Пике и Гризман, имаше и пцовки и викање! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) ја декласираше Барселона со 4-1, а можеа да паднат и повеќе голови ако гостите беа попрецизни.

Неверојатниот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а низ мечот фудбалерот ги уништуваше противниците.

Жерар Пике си имаше големи маки во одбраната и не успеа да го запре помладиот ривал, а еден детал од натпреварот покажува дека има големи проблеми во Барселона.

Пике почна да им вика на соиграчите кои играат по левата страна, а најмногу на Антоан Гризман, кој не се враќаше на помош во одбрана.

„Одиме да го задржиме поседот барем еднаш. Ова е пекол. Одиме да ја задржиме топката“, викаше Пике, по што Гризман му кажа да се смири, а овој се налути уште повеќе.