Жестока пресметка на Винисиус и Белингам, само неколку минути пред црвениот картон? (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Винисиус Жуниор и Џуд Белингам имаа вербална расправија на крајот од натпреварот против Бајерн Минхен.

Во 83-тата минута, само три минути пред Едуардо Камавинга да добие црвен картон, Белингам му кажуваше на Винисиус да ја ослободи топката побрзо, на што Бразилецот жестоко му возврати.

“Што сакаш? Што сакаш? Затвори си ја устата”, рече Винисиус Жуниор.

Мадридските аналитичари исто така открија дека Винисиус и Белингам речиси и да немале никаква соработка, со заклучок дека тие двајцата, кога на теренот е и Килијан Мбапе, значително влијаат на балансот на играта.

Објективно, Винисиус погоди пречка и имаше асистенција до Мбапе, но имаше малку топки и добри продори по левата страна. Не беше толку влијателен на играта на Реал како некогаш. Некои го припишуваат тоа на добрата игра на Бајерн, а некои на фактот дека нема секогаш најдобра соработка со Белингам.