Жестока пресметка по мечот: Рудигер го бркаше ривалот во тунел! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси пропушти шанса да слави против Барнли на домашен терен и така да напредува во однос на ривалите во борбата за пласман во топ-4.

Целата драма и конечниот резултат беа поставени во првиот дел (2-2) бидејќи во вториот немаше многу што да се гледа од фудбал, зашто голем дел од времето фудбалерите на Барнли го поминаа лежејќи на теренот.

Фудбалерите на „сините“ беа нервозни поради пропуштените шанси, а на крајот се случи и пресметка меѓу двете страни.

Жестоко се скараа дефанзивецот на Челси, Рудигер, кој не настапи на мечот и тргна да го брка неговиот противник дури во тунелот на „Стемфорд бриџ“, но најверојатно од стручниот штаб го спречиле да направи поголема глупост.