Жесус доби голема суспензија, Сити воопшто не се грижи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси беше казнет поради однесувањето на Копа Америка, а сега истата судбина го дочека и Габриел Жесус.

Фудбалерот на Манчестер  сити може да се жали на одлуката, но нема да пропушти многу дури и да не се пожали, зашто така нема да игра само на два пријателски дуели.

Жесус е суспендиран на два месеци, како и казнет со 30.000 долари поради однесувањето во текот на финалниот меч против Перу.

Напаѓачот тогаш доби црвен картон откако гестикулираше дека судијата е поткупен, а потоа го турна екранот за комуницирање со ВАР-собата.

Сепак, од Сити не се грижат премногу затоа што суспензијата не се пренесува и на клупскиот фудбал.