Жесус доведува засилување од „Бомбоњера“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалските медиуми пишуваат дека играчот за врска на Бока Јуниорс е на прагот од Спортинг.

Доаѓањето ма Марсело Мели во редовите на лисабонските Лавови е речиси извесно дека Жорж Жесус во ова лето ќе остане без некој од стандарните првотимци кои играа важна улога во освојувањето на ЕП со репрезентацијата на Португалија во Франција.

Ако се суди според позицијата, овој 23-годишен Аргентинец би требало да биде замена за Виљијам Карваљо, но не е исклучено да биде наследник на Адријан Силва или дури на офанзивецот Жоао Марио.

Вицешампионот на Португалија и Бока на големо преговараат, останува самои да се договорат деталите околу висината на трансферот кој треба да изнесува нешто повеќе од 3 милиони евра.

Мели на „Бомбоњера“ стигна во 2014 година од Колон за 750 илјади долари. Со Бока со освои една титула шампион на Аргентина и еден Куп.