Жирона и да ја освои Ла Лига, нема да заигра во ЛШ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Жирона се вистинска сензација во Ла Лига и се наоѓаат на делба на првата позиција со Реал Мадрид.

Според правилата на УЕФА, Жирона и да ја освои титулата, нема да заигра во елитната Лига на шампиони (ЛШ).

Жирона е во сопственост на „Сити фудбал груп“, односно корпорација која има неколку тимови под свое водство, меѓу кои и Манчестер сити.

Правилата велат дека екипи со ист сопственик не можат да играат во ЛШ, па Жирона ќе мора да го промени газдата за да заигра во елитата.