Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Оливие Жиру сепак на крај ќе заврши во редовите на Интер, клуб кој го посакуваше и во јануарскиот преоден рок.
Жиру ќе остане без договор ова лето, а по неговите солидни партии во вториот дел од сезоната се шпекулираше дека тој би можел да остане на „Стемфорд Бриџ“.
Сепак, како што стојат работите 33 годишниот фудбалер ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ каде повторно ќе соработува со Антонио Конте кој му беше тренер и во Челси.