Жиру синоќа одигра 17 секунди, ама може да му се смее на Бензема


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челси минатата ноќ обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во реваншот со Реал Мадрид славеше со 2-0, па сега во финале ги очекува пресметка против Манчестер сити.

Томас Тухел беше одличен откако пристигна во Челси, а за само неколку месеци го врати тимов во борба за топ-4 во Премиерлигата и го однесе до финале во ЛШ.

Тухел во финишот на натпреварот реши да го пушти во игра Оливие Жиру, кој ја загуби минутажата, која ја имаше додека Франк Лампард беше тренер.

Жиру синоќа одигра само 17 секунди и многумина сметаат дека беше понижен на таков начин, но не и навивачите на Челси.

Караницата беше Жиру и Карим Бензема трае подолго од една година, а почна кога напаѓачот на „кралевите“ го нарече сонародникот дека е картинг додека тој е болид од Ф1, но очигледно тоа не беше така и синоќа.