Жиру со два гола и две асистенции му обезбеди осминафинале на Милан (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан славеше со убедливи 4-0 против Салцбург во директната пресметка за осминафинале во Лигата на шампиони, а францускиот напаѓач Оливие Жиру блесна со два гола и две асистенции.

„Росонерите“ ја оправдаа фаворитската улога и го прегазија ривалот, па заслужено си обезбедија место меѓу најдобрите, а во првото полувреме паднаа два гола, и тоа преку Жиру и Круниќ.

Французинот погоди и во 57. минута, додека победата од 4-0 ја потврди Месиас и така го обезбеди второто место во групата.

Динамо Загреб имаше добар старт во Лондон и водеше со 1-0 против Челси, но „сините“ не си дозволија уште еден пораз против хрватскиот првак, па триумфираа со пресврт (2-1).