Жиру со гол го носи Челси во нокаут-фазата на ЛШ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси вечерва славеше против Рен со 2-1 во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и се пласираше во нокаут-фазата на натпреварување.

Калум Хадсон-Одои му донесе водство на гостинот од Лондон во 22. минута, по што темпото на Челси падна и Рен ја презема иницијативата, но Едуард Менди успешно го бранеше голот на „сините“.

Менди го бранеше голот на Челси до 85. минута, кога беше немоќен против ударот со глава на Жираси (1-1). Сепак, кога најмногу им требаше на гостите Оливие Жиру со глава во судиското надополнување погоди за 2-1.

Севилја славеше на гости кај Краснодар. Головите за триумф на екипата од Андалузија ги постигнаа Ракитиќ и Ел Хадади, додека Вандерсон погоди за рускиот тим.