До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот играч за врска на Арсенал, Жоржињо, отворено ги сподели причините за неговото заминување од клубот, признавајќи дека последните месеци на „Емирати“ се борел со недостаток на страст кон фудбалот. Италијанскиот репрезентативец кај тренерот Микел Артета имаше споредна улога, а ограничените минути и строгите тактички барања доведоа до тоа да не се чувствува како важен дел од екипата.
Жоржињо, кој минатото лето како слободен играч потпиша за Фламенго, откри дека го напуштил Арсенал поради потребата повторно да ја пронајде среќата на теренот. Искусниот играч за врска, кој во клубот дојде од Челси во 2023 година, се’ повеќе беше користен како играч од клупата, што со текот на времето влијаеше на неговиот пристап кон играта. Во дресот на „Топџиите“ запиша 79 настапи, но само 27 пати беше во почетната постава.
„Сакам да се чувствувам живо и важно за екипата,” објасни тој во разговор за The Times. „Кога играчот не игра, тешко е да се задржи мотивацијата. Почувствував дека морам да најдам место каде повторно ќе играм со страст.”
















