Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса Алмеида „Габигол“ е на чекор од премин во Манчестер Јунајтед.
Црвените ѓаволи на офанзивецот на Сантос дадоа 48 часа да се изјасини за понудата вредна 30 милиони фунти.
19-годишниот Габигол потекна во младинската категорија на Сантос, како и далеку прочуениот Нејмар, со кого многумина го поврзуваат поради истата позиција во тимот и сличен стил на игра.
Младиот напаѓач во минатите три сезони во дресот на Сантос постигна 24 голови на 82 натпревари, поради што влезе во око на европските клубови.
Габигол порано изјави желба да игра во Премиер лигата, па прва понуда испрати англискиот шампион Лестер, но без успех. Финансиски посилен Јунајтед е сега прв фаворит за доведување на голгетерот, кој со репрезентацијата моментално учествува на олимпискиот турнир на кој досега постигна два погодоци.