Жозе Мурињо го превзеде Тотенхем!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Официјално е потрврдено

Жозе Мурињо е новиот менаџер на Тотенхем, потврди лондонскиот клуб.

Мурињо дојде клупата на тимот од Лондон каде што го замени Маурицио Покетино на кој вчера му беше врачен отказ откако имаше серија на лоши игри за овој тим во оваа сезона.

„Жозе е еден од најуспешните менаџери во фудбалот. Поседува големо искуство, може да го инспирира тимот и е добар тактичар. Освојуваше бројни трофеи во тимовите кои ги предводеше досега и веруваме дека ќе донесе позитивна енергија во соблекувалната на овој тим“, изјави претседателот на клубот Даниел Леви.

Се јави и Жозе Мурињо:

„Возбуден сум што ќе работам во клуб со толку голема историја и такви страсни навивачи. Квалитетот на тимот е огромен и работата со овие играчи ме привлекува“, истакна Посебниот, кој со Тотенхем потпиша договор до 2023. година.

На клупата на Спарсите, Мурињо ќе го има првото деби во сабота против екипата на Вест Хем.