Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во 2017 година успеа да ги однесе Црвените Ѓаволи до трофејот во Европската Лига.
Тогаш Посебниот во финалето го совлада тимот на Ајакс со резултат од 2:0 а никој не ни помисли дека две години подоцна, добар дел од тимот на Амстердам ќе игра во полуфиналето во Лигата на Шампионите.
Жозе упати пофални зборови кон тимот на Ајакс, воедно тој откри начин како холандскиот тим полесно да се победи, тој објасни како тоа го направил во финалето на Европската Лига.
„Поставивме игра каква што не сакаат да играат. Се жалеа на спорите напади, се жалеа на јаката физичка игра, посебно од страна на Фелаини бидејќи не можеа физички да се мерат со него“, истакна Мурињо, и продолжи со стратегијата:
„Ако против Ајакс играте на начин каков што тие посакуваат ќе ризикувате да бидат подобри од вас. Доколку тимот на Ајакс се квалификува за влез во финалето во Лигата на Шампионите против Барселона или Ливерпул, тие би можеле да победат на сила, но кога немате поголем квалитет од нив, морате да играте стратешки. Морате да им подметнете игра каква што тие не сакаат да играат“, изјави Мурињо.
Португалскиот стручњак од сите играчи на Ајакс посебно е воодушевен од 19 годишниот штопер Матијас Де Лигт.
„Де Лигт е, нема да кажам единствен случај, бидејќи низ историјата на фудбалот имаше многу млади и одлични фудбалери, но тој уште пред две години изгледаше многу искусно како да има 26 или 27 години. Тој физички е многу спремен. Две години подоцна тој е фантастичен.“, го искоментира Мурињо.
Ајакс ќе има единствена шанса после 24 години да стигне до финалето на Лигата на Шампионите. На патот им стои Тотенхем, а пред него ги елиминираа Реал Мадрид и Јувентус.
Првиот натпревар во полуфиналето се игра на 30 Април во Лондон, а реваншот е седум дена подоцна во Амстердам.