Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот тренер Зинедин Зидан летово ќе треба да го реконструира тимот на Реал Мадрид, а веќе многу фудбалери се поврзуваат со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралскиот клуб“ сезонава ги разочара навивачите, откако остана без ниту една титула, а претседателот Флорентино Перез е подготвен да потроши многу пари за засилувања.
Од Зидан се очекува да го подмлади тимот, а веќе се шпекулира кои фудбалери би можеле да ги засилат „кралевите“, а едно име ја изненади цела јавност.
Италијанските медиуми пишуваат дека Зидан разговарал со управата на Рома и порачал дека е заинтересиран за талентираниот Џенгиз Ундер.
Наводно, младиот фудбалер го гледаат како големо засилување за иднината, па Реал е подготвен да преговара, а најверојатно ќе мора да понудат многу повеќе од 40 милиони евра.
Ундер со Римјаните има договор до 2022 година, а во дресот на клубот одигра 57 натпревари и постигна 14 голови и 11 асистенции.