Зидан без неколку ѕвезди го напаѓа трофејот во шпанскиот Суперкуп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва од 19 часот ќе игра против Атлетико Мадрид за трофејот во шпанскиот Суперкуп во финалето кое се одржува во Саудиска Арабија.

Од оваа година шпанското натпреварување се одржува во различен формат, каде што играа четири екипи, а Атлетико и Реал изборија пласман во финале, откако претходно победија против Барселона и Валенсија.

Зинедин Зидан се соочува со проблеми за денешниот меч бидејќи нема да може да смета на неколку свои ѕвезди, меѓу кои и Герет Бејл, Еден Азар, Карим Бензема и Маркос Асенсио.

Атлетико Мадрид се очекува да биде во најсилниот состав и тренерот Диего Симеоне конечно се надева дека ќе го освојат трофејот во Суперкупот.