Зидан би сакал да работи во Франција, но не во екипата на ПСЖ


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Францускиот тренер Зинедин Зидан во моментов е слободен, иако за него интерес покажаа неколку клубови меѓу кои се Манчестер јунајтед и ПСЖ, но тој нема желба да работи во клубови.

Англиските медиуми пишуваа дека Зинедин Зидан ќе потпише за Манчестер јунајтед, а неговото место во ПСЖ ќе го преземе Зидан, но очигледно нема да се случи такво нешто.

Последните информации се дека поранешниот тренер на Реал Мадрид сака да биде селектор на француската фудбалска репрезентација, а не да го предводи тимот од Париз.

Меѓутоа, за такво нешто ќе мора да почека уште некое време затоа што Дидие Дешам е на чело на Франција и најверојатно ќе биде таму до крајот на следната година.

Зидан досега работеше двапати во Реал Мадрид, а притоа оствари историски успех и освои три трофеи во Лигата на шампиони по ред.