Зидан даде јасен одговор на прашањето со кои фудбалери ќе се засили Реал Мадрид

Сите го чекаат јануарскиот преоден рок за да ги засилат своите екипи пред вториот дел од сезоната, а Реал Мадрид веќе се поврзува со неколку големи ѕвезди.

Тренерот на шпанскиот шампион, Зинедин Зидан, кажа дека Реал во јануари нема да се засилува.

„Ќе ги чуваме парите. Ситуацијата е комплицирана, нема да бараме нови фудбалери во моментов“, вели Зидан.

Французинот даде коментар и за најавите дека ќе биде формирана нова европска Суперлига.

„Најважно е тоа што секој тим ќе го избере тоа што е најдобро за него. Ние сме посветени на играта на теренот и ќе го играме натпреварувањето кое мораме. Суперлигата во моментов не е реалност“, објасни Французинот.