Зидан дал зелено светло за заминување на освојувачот на Златната топка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува шпанскиот медиум близок до Реал Мадрид, „АС“, стратегот на „кралевите“ дал зелено светло за продажба на еден од најдобрите фудбалери на клубот во последните неколку години.

Имено, Зинедин Зидан се согласил од клубот да си замине Лука Модриќ кој би станал прекуброен ако на „Бернабеу“ пристигнат Пол Погба или Кристијан Ериксен.

Постои опција во Мадрид да се пресели и ван де Бек па токму затоа иднината на Хрватот на стадионот на кој остави длабок печат останува неизвесна.

За Модриќ постои сериозен интерес од Интер, а на маса е и негово враќање во Премиер лигата од каде има интерес од тимот на Тотенхем.