Зидан доби информација од врвот: Ковид-19 ќе ја „заврши“ ерата на – галактикосите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Очигледно повеќе во светот нема да се прават големо трансфери, односно такво нешто нема да прави Реал Мадрид. Шпанските медиуми пишуваат дека Зинедин Зидан бил лут по најавата која ја добил од врвот на клубот.

Времето на големи трансфери помина, па Реал нема да плаќа повеќе од 100 милиони евра за засилувања.

Клубот ќе купи уште една голема ѕвезда следното лето и тоа ако се ослободи од непотребните фудбалери, меѓу кои се и Бејл, Родригез, Начо, Васкез, Марсело, Одриозола и Модриќ.

Перез и неговата десна рака Санчез сметаат дека враќањетона Хакими и Одегард во клубот ќе значи шанса за создавање на нов тим.

Погба не е опција за засилување, дури ниту ако Јунајтед ја намали цената, па сега се подготвуваат пари за мега-трансфер на Мбапе, со кој би се затвориле големите трансфери, односно „кралевите“ повеќе нема да плаќаат огромни суми за засилувања.