Зидан е лут на играчите после лошиот натпревар против ПСЖ


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја критикуваше играта на своите фудбалери после поразот од ПСЖ во Лигата на Шампионите.

Реал синоќа на Паркот на Принцевите во Париз изгуби од ПСЖ со резултат од 3:0 во првото коло од Лигата на Шампионите.

„Јасно е дека во секој сегмент беа подобри од нас, начинот на кој играа, во средината на теренот… Тоа што ме нервира е што не вложивме доволно интензитет во играта, на ова ниво на натпреварување, тоа е невозможно, но ќе работиме на тоа.

Чудно чувство е тоа што не можевме да направиме вистински шанси со играчите кои ги имаме во нападот – Герет Бејл, Карим Бензема и Еден Азар“, рече Зидан, пренесоа британските медиуми.

Зидан е под притисок во Реал, неговиот тим не игра на очекуваното ниво, а неговиот процент на победи опадна под 50% откако се врати на Сантијаго Бернабеу во март.

„Не игравме на очекуваното ниво, но ПСЖ играше премногу добро“, наведе Зидан.

Тој не сакаше да го обвинува голманот Куртоа кој лесно го прими првиот гол, па затоа додаде дека целиот тим е виновен, а не само белгискиот чувар на мрежата.