Зидан е присилен да импровизира во тимот за мечот против Леванте и Барди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алваро Одриозола заработи тешка повреда и нема да може да заигра барем две нели. Тој ќе го пропушти мечот против Леванте, каде што игра македонскиот репрезентативец Енис Барди, во недела.

Проблем е тоа што тренерот на „кралевите“ на располагање нема да го има ниту Даниел Карвахал, кој се повреди претходно.

Зидан нема десен бек, па ќе мора да импровизира во тимот, а верува дека Начо или Менди би можеле да заиграат на критичната позиција, иако и двајцата не се навикнати да играат на тоа место.

Одриозола се врати летово од позајмица од Баерн Минхен, а претходно играше против Ваљадолид и многумина веруваа дека ќе добие поголема минутажа, но потоа се случи неочекуваната повреда.