„Зидан е виновен за трансферот на Хакими во Интер, мора да објасни зошто не го повика!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ашраф Хакими минатите две сезони ги мина на позајмица во Борусија Дортмунд. Тој напредуваше со големи чекори, па стана ввен фудбалер.

Младиот играч требаше да добие само простор, кој го немаше во Реал Мадрид. Меѓутоа, многумина очекуваа шпанскиот гигант да го врати Хакими за следната сезона.

Тоа не се случи, па не само што Хакми не се врати во Мадрид, туку Реал го продаде за 40 милиони евра на Интер.

Се огласи и менаџерот на Хакими Алехандро Камано, кој кажа дека Зинедин Зидан е виновник за трансферот во Интер.

„Зидан е виновен за трансферот на Хакими во Интер… Тој мора да објасни зошто никогаш не го повика Хакими. Не сметам дека враќањето во Реал ќе беше добро, но требаше да му дадат шанса“, кажа Камано.