Зидан е загрижен: Не можам да разберам зошто се случува ова…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид без проблеми ја победи Валенсија со 2-0, но по натпреварот Зинедин Зидан беше загрижен.

По седум меча пауза во екипата се врати Дани Карвахал, но одличниот десен бек одигра само 25 минути.

Оваа сезона Карвахал паузираше повеќе од 100 дена, а сега го чека нова пауза. Сигурно ќе го пропушти и мечот против Аталанта во Лигата на шампиони.

„Не знам која е причината поради големиот број повреди, загрижен сум. Жал ми е поради Карвахал, играше добро. Станува збор за важен фудбалер за нашиот тим. Не успевам да ги објаснам сите овие повреди“, вели Зидан.

Од претходно се повредени Серхио Рамос, Милитао, Одриозола, Еден Азар, Родриго, Валверде и Марсело.