Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е свесен за лошите резултати на својот тим и се надева дека ќе биде тоа поправено во „Ел Класико“ против Барселона во недела од 21 часот.
Зидан кажа дека ситуацијата не е едноставна, но може да се подобрат.
„Ситуацијата е комплицирана, поточно немаме добри резултати, но тоа се случува и може да заиграме подобро. Вие новинарите правете ја вашата работа, а јас мојата – имало лоши резултати, но јас имам сила да продолжам“, порача Зидан.
Оваа сезона и Барселона и Реал Мадрид играат послабо од претходните сезони.
„Кога екипата ќе загуби бодови, тогаш луѓето премногу анализираат. И понатаму работиме напорно и се радуваме на пресврт на ситуацијата. И Барселона и Реал се во врвот на табелата и не е катастрофа“, порача Зидан.