Зидан ги смирува навивачите: Тоа е фудбал…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа беше поразен од Реал Сосиедад со 4-3 и така го завшри својот настап во Купот на Кралот.

Кралевите повторно ги разочараа своите навивачи и со причина се незадоволни.

Зинедин Зидан истакна дека неговите избраници сега се свртуваат кон домашното првенство.

„Не мислам дека погрешив со составот во овој меч. Противникот добро играше, знаеше да не казни. Имавме полно проблеми кога правеа притисок, а покрај тоа правевме многу грешки во одбраната. Сите сме заедно во ова и кога губиме и кога победуваме“, јасен беше Зидан.

„Тоа е фудбалот, сега се свртуваме кон првенството“, додаде тренерот на Кралевите.

Од Купот синоќа излезе и Барселона, па по прв пат од 2003. година во полуфинале нема да бидаат Реал и Барса.