Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе го засили нападот во наредниот преоден рок, а како едно од засилувањата се споменува Лука Јовиќ од Франкфурт, но очигледно францускиот стратег има и друга идеја.
Зидан сака да го врати Раул де Томас, кој е на позајмица во Рајо Валјекано, каде што игра одлично за екипата која се бори за опстанок во Ла Лига.
Овој 24-годишен фудбалер веќе втора сезона е на позајмица, но сега конечно би можел да добие шанса во Реал Мадрид.
Од друга страна, интерес за услугите на Де Томас постои од Бетис и Валенсија, но напаѓачот сака да остане во редовите на „кралевите“.
Де Томас е дете на Реал, но во првио тим никогаш не доби шанса, па на крајот на сезоната ќе треба да донесе конечна одлука за својата иднина.