Зидан има план: Откри која ѕвезда сигурно ќе остане во Реал Мадрид


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Веќе долго време го поврзуваат францускиот стопер Рафаел Варан со заминување од Реал Мадрид, но очигледно такво нешто нема да се случи, доколку може да се суди според зборовите на тренерот Зинедин Зидан.

Зидан одговараше на прашања на новинарите и кажа дека Варан дефинитивно останува во Мадрид наредната сезона, зашто тој бил во неговите планови.

„Да, Варан останува. Дефинитивно“, кажа Зидан.

Варан има лоша сезона, во првиот дел беше виновен за многу лесни голови, кои ги примија Тибо Куртоа и Кејлор Навас, а статистиката покажа дека Реал бил подобар со другите стопери.

Сепак, Зидан е свесен за неговите квалитети, па смета дека е потребно само да му се врати самодовербата и другото ќе биде во ред.