Зидан испрати порака пред незгодниот дуел со Барселона во „Ел Класико“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид запиша два порази во последните две пресметки на домашен терен. Најпрво тие загубија од Кадиз со 0-1, по што следеше нов неуспех против Шахтјор Доњец во Лигата на шампиони (2-3).

Шпанскиот шампион утре гостува кај Барселона, а тренерот Зинедин Зидан е по жесток притисок и се шпекулира дека може да ја загуби работата.

„Знаеме што нè чека, и условите се тие, за сите. Се знае дека ова е поинакво Ел Класико од сите претходни, но не можеме да промениме ништо. Во овој момент најдоброто за нас е гостување на ‘Камп Ноу’. Нема подобра шанса да ја свртиме ситуацијата во наша корист. Сакаме да одиграме добар меч, да покажеме дека можеме да одиграме добар меч“, изјави Зидан.

Зидан е свесен за критиките и смета дека се оправдани, но верува дека ќе се вратат во форма.

„Критиките се нешто нормално и се оправдани во моментов. Меѓутоа, ние имаме квалитет да ја надминеме оваа ситуација. Како тренер секогаш сум и ќе трпам најголема критика и тоа е во ред. Јас сум секогаш со тимот, и заедно ќе направиме се за да одиграме утре добар меч“, додаде Зидан и потврди дека Серхио Рамос ќе биде спремен за игра.