Зидан избран од „Л’Екип“ и „Франс Фудбал“ за најдобар тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Популарните спортски медиуми „Л’Екип“ и „Франс Фудбал“ го избраа најдобриот тренер во светот, а тоа е Зинедин Зидан, кој со Реал Мадрид ја освои титулата во Ла Лига.

Тренерот на „кралевите“ успеа да ја освои Ла Лига, па така го симна Јирген Клоп од првото место, додека трет во изборот беше Пеп Гвардиола.

Дури 57 проценти од гласовите беа за Зидан, па тој повеќе од заслужено ја освои титулата за најдобар тренер во светот според изборот на овие медиуми.