Зидан ја користи казната на Манчестер сити и носи две ѕвезди во Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан почна да размислува за изгледот на својата екипа за следната сезона.

Две засилувања би можеле да пристигнат од Манчестер сити, кој доби забрана да учествува во Лигата на шампиони.

Поради тоа сигурно некои ѕвезди ќе сакаат да го напуштат премиерлигашот, а Зидан сака да ја искористи таа шанса и да ги ангажира Кевин де Брајне и Рахим Стерлинг.

Де Брајне во неколку изјави објасни дека најверојатно ќе го напушти клубот, ако не игра во елитното натпреварување.

Останува да видиме што ќе реши Де Брајне, но и Манчестер сити доколку добие понуди за овие два фудбалери.