Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Српскиот репрезентативец би можел да биде бомба на Реал Мадрид ова лето.
Според АС, Немања Матиќ е новата мета на Зинедин Зидан после неуспешните обиди да ги доведе Пол Погба и Андре Гомеш.
На листата на желби на Реал Мадрид според АС останале уште Марко Верати и Немања Матиќ. Италијанецот тешко дека ќе го напушти ПСЖ бидејќи Унаи Емери го гради средниот ред околу него.
Од друга страна, Матиќ е поевтин и би можел да го напушти Челси во случај на добра понуда. За него интерес покажа и Манчестер Јунајтед.
Ако стигне во Челси, Матиќ ќе се бори со Касемиро за место во стартниот состав на кралскиот клуб.