Зидан ја состави листата: Реал Мадрид продава 13 фудбалери


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе прави огромна реконструкција на тимот во летниот преоден рок, а претседателт на клубот Флорентино Перез уште пред неколку недели најави дека многу фудбалери ќе го напуштат тимот.

Листата со фудбалери кои ќе заминат ја состави Зинедин Зидан, а „Марка“ пишува дека дури 13 фудбалери ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“.

Наводно, во „кралскиот клуб“ им соопштиле на фудбалерите дека нема да сметаат на нивните услуги и дека ќе се обидат да ги продадат летово.

„Марка“ пишува дека на трансфер-листата се наоѓаат Кејлро Навас, Хесус Ваљехо, Тео Ернандез, Серхио Регулион, Маркос Љоренте, Лукас Силва, Матео Ковачиќ, Дани Себаљос, Хамес Родригез, Мариано Диаз, Борха Мајорал, Раул де Томас и Герет Бејл.