Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан ќе биде главен кандидат за клупата на Франција, кога ќе го напушти Реал Мадрид, а тоа денеска го потврди и претседателот на Фудбалскиот сојуз, Ноел Лу Грат.
Дидие Дешам има договор до 2022 година со Франција, исто колку што трае договорот на Зидан со Реал Мадрид, па само се поставува прашањето дали Флорентино Перез сака да го задржи Французинот до крајот на договорот.
„Ако Дешам си замине, тогаш прв кандидат за негова замена ќе биде Зинедин Зидан. Имам одличен однос со него и сигурен сум дека би сакал да биде селектор“, кажа првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Франција.
Дешам речиси сигурно ќе ги предводи Французите на Светското првенство (СП) во Катар, а потоа не се знае каде ќе работи.