Зидан ќе се раздели повторно со Реал Мадрид на крајот на сезоната?

Зинедин Зидан минатата година се врати на кормилото на Реал Мадрид, откако претходно беше отпуштен поради лошите односи со Флорентино Перез.

По лошите резултати на Реал со Лопетеги и Солари, Зидан се врати во клубот, а сезонава води голема борба со Барселона за титулата во Ла Лига.

Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека без разлика на тоа што ќе се случи сезонава и дали Зидан ќе ја освои Ла Лига и Лигата на шампиони, тој на крајот на сезоната планирал да замине и да се пресели во Јувентус.

Јувентус во моментов не е задоволен со резултатите под водство на Маурицио Сари, па поради тоа „Старата дама“ сака да го донесе поранешниот француски фудбалер.