Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан наскоро би требало да го напушти Реал Мадрид, а наводно „кралевите“ веќе пронашле негов наследник.
Многу гиганти во последно време ги менуваат тренерите, а на таков потег се подготвува и Реал, кој решил на местото на Зидан да го донесе младиот и талентиран германски стратег Џулијан Нагелсман.
Нагелсман со многу успех го предводи Лајпциг и тој одамна е на око на првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, кој верува дека успешно ќе го наследи Зидан на кормилото.
Нагелсман се прослави со екипата на Хофенхајм, а потоа се пресели во Лајпциг, кој го води одлично во Бундеслигата.