Зидан може да здивне: Пронајден нов клуб за Бејл!?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Герет Бејл нема да добие место во првиот тим на Реал Мадрид следната сезона, па поради тоа „кралевите“ му бараат нов клуб.

Бејл има огромна плата од неверојатни 17 милиони евра, па не сака да се откаже од истата и тоа ја отежнува потрагата по нов тим.

Англиски „Сан“ пишува дека конечно е пронајден тим, кој може да му даде одлични услови на репрезентативецот на Велс, а тоа е Баерн Минхен, кој бара замена за Арјен Робен и Франк Рибери.

Баварците, наводно, биле подготвени да му дадат плата од 350.000 фунти недели и веќе почнале преговори со неговиот агент.

Наскоро ќе биде познато што ќе се случи до Бејл, дали ќе се пресели во Минхен или ќе остане во Мадрид.