Зидан му се налути на Перез, драма на повидок во Мадрид!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан си ја спаси работата со победата против Борусија Дортмунд во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони, но сега управата на Реал Мадрид го налути, па тој најавил дека ќе си замине следното лето.

Зидан добил ветување дека ќе му бидат исполнети желбите кои ги имал, но екипата не почнала никакви посериозни преговори со фудбалерите за кои бил заинтересиран Французинот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Зидан му кажал на претседателот Флорентино Перез дека ќе си замине следното лето, а како негова следна дестинација се споменува Јувентус, но постои интерес и од многу други тимови, како и од француската репрезентација.