Зидан на прес-конференција и зборуваше за шансите за освојување на титулата во Ла Лига


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одржа прес-конференција пред последниот меч во првенството.

Реал игра против Виљареал и уште може да ја освои лигата. „Кралевите“ ќе се обидат да победат, но се надеваат и дека Ваљадолид ќе го запре Атлетико.

„Сега е најважниот меч во сезоната и тоа што сакаме да го постигнеме. Фокусирани сме на натпреварот. Ќе се потрудиме да победиме, можеби ќе бидеме и шампиони. Се надеваме“, кажа Зидан.

Зидан не сакаше да зборува за својата иднина, но кажа дека фудбалерите на Реал би биле одлични и без него.

„Фудбалот и шпанската Ла Лига се посебни токму поради тоа што во 2017 година ја освоивме тиутлата во последниот меч. Оваа сезона оценката е 9,5, а утре можеби ќе биде и 10. Не зависи само од нас“, вели Французинот.

Исто така, Зидан кажа дека е среќен поради враќањето на Карим Бензема во репрезентацијата на Франција.