Зидан одби да зборува за Суперлигата: Прашајте го претседателот што ве интересира!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, кажа дека на прес-конференцијата не е вистинско време да се поставуваат прашања за Суперлигата.

Зидан не сакаше да одговори на прашањето на навивачите, па им порача на новинарите да го прашаат претседателот Флорентино Перез.

„Тоа е прашање за една личност, претседателот Флорентино Перез. Јас сум тренер и немам што да кажам“, вели Зидан.

Зидан зборуваше на прес-конференцијата пред дуелот со Кадиз во шпанското првенство.

„Овде сум поради натпреварот. Секој има право на свое мислење, но не дојдов тука за да разговарам за тоа“, вели Зидан.