Зидан остана без работа: Дешам ќе биде селектор на Франција до 2026 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дидие Дешам ќе остане селектор на Франција до 2026 година, а тоа го потврди и Фудбалскиот сојуз на поранешниот светски шампион.

Дешам потпишал договор до 2026 година, па така ги реши сите дилеми за неговата иднина, кои се појавија по поразот од Аргентина во финалето на Мундијалот во Катар.

Селекторот досега ја предводеше Франција до злато на Мундијалот пред пет години, а претходно играше и во финале на Европското првенство.