Зидан пак ќе го боли глава, две ѕвезди позитивни на вирусот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид соопшти преку социјалните мрежи дека има двајца фудбалери заразени со ковид-19. Шпанскиот гигант вчера имаше тестирање на вирусот, а резултатите покажаа дека заразени се Еден Азар и Касемиро.

Двајцата фудаблери се наоѓаат во самоизолација и засега не покажуваат никакви симптоми на вирусот. Се очекува тие двајца да бидат надвор од терените најмалку десет денови, а во вистински момент доаѓа и репрезентативната пауза.

Тоа значи дека најверојатно Азар и Касемиро ќе бидат подготвени за важниот натпревар против Интер во Лига на шампиони, кој е закажан за 25 ноември во Милано.