Зидан по неочекуваниот пораз од Бетис: Се знае кој треба да ја преземе одговорноста…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бетис неочекувано славеше против Реал Мадрид, па така тоа најмногу ѝ помогна на Барселона. Единствениот погодок за гостите го постигна Карим Бензема, но тоа не беше доволно да се освојат бодови.

Зинедин Зидан по поразот реши да ја преземе одговорноста на себе.

„Губевме премногу топки, јас сум одговорен и немам оправдување. Не можеме да бидеме задоволни, иако играчите се потрудија. Мораме да ги анализираме работите на теренот“, кажа Зидан.

„Кралевите“ сега имаат два бода помалку од Барселона на табелата во Ла Лига.

„Мора да гледаме напред, има уште 11 меча“, порача Зидан.

Во следното коло Реал Мадрид го пречекува Еибар.