Зидан пред Нова година му се враќа на фудбалот!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот француски фудбалер Зинедин Зидан одамна е на одмор, откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, но наскоро планирал да ѝ се врати на тренерската работа, и тоа како селектор на Франција по завршување на Мундијалот во Катар.

Шпанскиот новинар Серхио Валентин објави дека Зидан ќе седне на селекторското столче на Франција бидејќи Дидие Дешам ќе си замине од тренерската позиција.

„Зидан е нов селектор на Франција. По Катар ќе го преземе тимот. Сè е договорено. Зидан уште пред една година ни кажа дека ја чека Франција и конечно ја добива својата шанса“, напиша Серхио.

Францускиот тренер имал понуди од ПСЖ и Манчестер јунајтед, но сепак приоритет на Зидан му било да ја предводи репрезентацијата на „триколорите“.