Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Севилја беше поразена на гостувањето кај Реал Мадрид со 1-2, по што спортскиот директор на гостите покажа незадоволство поради одлуките на ВАР-технологијата.
Мончи кажа дека сакал во еден момент од мечот да го повлече тимот надвор од теренот затоа што не бил среќен поради одлуката на ВАР-системот да го поништи првиот гол на неговата екипа, по што се разгледуваше уште една ситуација, а на тоа му одговори тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.
„Може да се буни Мончи колку што сака, но на нивната акција претходеше блок кој не е дозволен во фудбалот и ВАР-технологијата постапи правилно. Јас мислам дека и при вториот гол требаше да биде досудена игра со рака, но сега тоа не е важно“, вели Зидан.